Ирина Боровиќ, адвокатката на момчето осомничено за нападот во училиштето во Врачар за Нова.рс зборуваше за следните чекори во случајот.
-Сега треба да се направат токсиколошки анализи на ВМА, по што со него ќе разговара претставник од Центарот за социјална работа. Потоа со него ќе разговараат психолог и психијатар, а од тоа ќе зависат следните чекори“, вели Ирина Боровиќ за Нова.рс.
Таа додава дека таткото на момчето е задржан до 48 часа, а ќе биде сослушан во петок. Потоа ќе се одлучува дали ќе му биде одреден притвор или ќе биде пуштен на слобода.
Престрелката се случи утрово околу 8 часот во училиштето во Врачар. Загинаа девет лица, меѓу кои осум деца и еден портир.
Како што соопшти претходно денеска Министерството за внатрешни работи, осомничениот ученик долго време го планирал делото. Во неговиот стан е пронајден список на ученици кои планирал да ги ликвидира, како и нацрт на училиштето во кое се случило злосторството.