920
Ирена Фрчковска, адвокат на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, истакна дека имаат подготвени докази и според неа, судот ќе може да донесе правилна одлука.
„Ја предложивме листата на докази кои треба да бидат изведени во текот на постапкаа, а кои ќе одат во прилог на одбраната на Јанева. Тоа што се става на товар е дел од нејзините службени овластувања. Во листата на докази како сведоци ги предлагаме сите поранешни обвинители на СЈО, сведоците, вработени во СЈО. Сметам дека на наша страна ќе има доволно докази и судот ќе може да донесе правилна одлука“, истакна таа.