Адвокатката на Џони Деп стана ѕвезда и доби унапредување

by fokus

Камила Васкез, адвокатката која беше дел од тимот на Џони Деп во судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд, доби унапредување во адвокатската канцеларија Brown Rudnick. Од канцеларијата објавија дека Васкез е промовирана во партнерка во компанијата што е круна во нејзината адвокатска кариера.

Во објавата исто така стои дека унапредувањето е резултат на нејзината извонредна работа на случајот Деп против Херд, кој доби огромен публицитет.

Извршниот директор на адвокатската компанија Brown Rudnick, Вилијам Балдига, напиша дека им е чест на Камила да и посакаат добредојде меѓу партнерите.

-Претходно обичните унапредувања ги објавувавме на крајот од фискалната година. Но, изведбата на Камила во случајот во кој го застапуваше Џони Дип, му докажа на светот дека таа веќе сега е подготвена за следниот чекор. Многу сме горди на неа и му се радуваме на нејзиниот придонес како наша нова партнерка, истакна Балдига.

Ваксез со воодушевување ја прифатила одлуката на своите колеги и истакнала дека е горда на талентираниот тим со кој соработува.

За потсетување, Камила Васкез за време на судскиот спор Деп против Херд стана вистинска ѕвезда. Симпатиите на јавноста ги стекна со својот остар стил на испитување со кој Амбер Хард и нејзината адвокатка повеќепати ги доведе во незгодна ситуација.

Освен со својот настап, Камила Васкез привлече внимание и со својата убавина, а поради неколкуте прегратки со Џони Дип, веќе се проширија и шпекулации дека меѓу нив се раѓа љубов.

Поврзани новости