На воведните зборови за случајот „Титаник“, во кој обвинети се членови на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, една од адвокатките во обид да дискредитира тројца сведоци кои се новинари, истакна дека тие требало да се гонат за сторен прекршок, односно како што рече, за прекршување на јавен ред и мир.
Поточно, адвокатката на обвинетата Катерина Веловска истакна дека изјавите на сведоците Младен Чадиковски, Наташа Стојановска и Сашка Цвековска не треба да се презентираат пред судот, бидејќи новинарите сториле прекршок.
-Овие новинари правејќи сторија лажно се претставувале на гласачи и им велеле дека се јавуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин, поради лажното претставување, сториле прекршок против јавниот ред и мир, за што е предвидена казна од 500 до 800 евра, истакна адвокатката на Веловска.
В.В.