536
Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп денеска неведе дека тој не сторил „апсолутно ништо погрешно“, повикувајќи го Сенатот да ја отфлри постапката за отповикување што ја нарекоа „лажна“ и „опасно извртување на Уставот“.
„Тоа е карикирање на Уставот“, напишаа адвокатите во објавениот дел од одбраната на американскиот претседател пред Сенатот, а која ја подготвуваат како одговор на обвинувањата на демократите.
Во документот се наведува дека два члена на законот за отповикување, за злоупотреба на овластувањата и опструкција на Конгресот, не претставуваат прекршувања за импичмент
Адвокатите тврдат дека истрагата, која е фокусирана на тоа дали Трамп ги злоупотребил претседателските овластувања и барал помош од странска влада – во случајот украинската, за да го ослабне можниот ривал на претседателските избори, Џо Бајден, и да ги зголеми своите шанси на претседателските избори годинава, никогаш немала за цел изнаоѓање на вистината.
„Место тоа, демократите од почетокот сакаа да пронајдат некој начин, било кој начин, да ја искористат моќта на импичментот како политичко орудие за поништување на резултатите од изборите во 2016 година, и вплеткување во изборите во 2020 година. Сето тоа е опасно извртување на Уставот кое Сенатот треба брзо да го отфрли“, напиша правниот тим на Трамп.
Продолжувањето на судењето на Трамп во Сенатот е закажано за неделава.
Демократите во обвинението напишаа дека целта на Трамп била негова лична корист и дека „потоа се обидел да ја прикрие својата завера, опструирајќи ја истрагата во Конгресот за неговото недолично однесување“
Адвокатскиот тим, меѓутоа, наведува дека Трамп дури и да ги злоупотребил своите овластувања, тоа не е повод за отповикување, бидејќи не е прекршен кривичниот закон. Тие наведуваат и дека обвинението „ има структурни маани“, бидејќи го обвинуваат Трамп за повеќе дела, создавајќи „опции за избор“, како можни основи за осуда.
Како дел од одбраната тие подготвиле и широка одбрана на претседателовата моќ, тврдејќи дека и претходните две судења за отповикување на претседателот на САД биле слично неисправни.