811
Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“ поради неприсуство на тројца адвокати.
Судијата Осман Шабани парично ги казни со по 1 000 евра адвокатите на обвинетиот ексминистер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Еленко Миланов и Сања Алексиќ, и штипскиот адвокат Дончо Наков, кои не се појавиле на судењето.
Адвокатите со писмени поднесоци испратени на 19 септември го известиле Судот дека поради судењето за настаните од 27 април нема да можат да присуствуват на рочиштето за „Топлик“.