537
Адвокатите на Сашо Мијалков, кој е обвинет за случајот „Тортура“ побараа запирање на кривичната постапка против него и шестмината припадници на специјалната единица „Алфа“, кои се обвинети за нечовечкото апсење на Љубе Бошковски во 2011 година, пренесува Алсат.
Како што вели одбраната, веќе поранешните обвинители во СЈО не се надлежни да го застапуваат предметот зашто сѐ уште во сила е законот за СЈО.
Судењето почна одново, а поранешните специјални обвинители на Судот му посочија дека имаат решенија од државниот обвинител Љубомир Јовески да го застапуваат предметот откако тој прејде во редовното обвинителство.
Судот дополнително треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на одбраната.