1K
Адвокатот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Љупчо Петковски доставил пријава до приемното одделение во судот со која бара кон листата на оштетени од прислушувањето да се додаде и екс министерката.
Инаку таа е обвинета во овој предмет, но одбраната рече дека таа била обвинета во случајот за делот Тврдина, а не и во Таргет.
Јанкулоска заедно со Миле Јанакиески беа едни од најприслушуваните функционери.
Ф.Ф.С.