Адвокатите на Јанакиески побараa бомбата што „пукна“ за Сончев град да не биде доказ, судот ги одби

by fokus

Одбраната на Миле Јанакиески на денешното судско рочиште за „Топлик“ побара од доказите да се издвои една од бомбите која беше јавно објавена. За овој случај како доказ се поднесени 11 бомби, од кои една беше јавно презентирана. Според одбраната оваа снимка мора да се издвои бидејќи и судот е запознаен со нејзината содржина, а тоа не смее да се случи бидејќи тие докази за прв пат треба да ги видат во судница.

По кратка пауза на рочиштето, за судечкиот совет да одлучи по барањето, судот извести дека се одбива барањето на одбраната како неосновано. Тоа значи дека снимката сепак ќе се користи како доказ во постапката.

Претходно обвинетите и одбраната реагираа дека ЦД-то, односно видео записникот, кој го добиле од претходното рочиште не е целосно, односно прекинува на одредена минута. Судијата, Осман Шабани, им подели ново ЦД, но сега одбраната реагира дека им треба да го спореда овој видео запис со писмениот.

В.В.

Поврзани новости