485
Адвокатите на екс-премиерот Никола Груевски, Димитар Дангов и Боро Тасевски се казнети со по 1.000 евра за недоаѓање на судењето за „Насилства и шамари во Центар“, пренесува СДК.
Со иста казна се соочи и адвокатот на обвинатиот Миле Јанакиески, Стерјо Зиков.
Судијата Душан Јосифов порача дека ова судење било закажано со денови наназад и требало да најдат замена, а судот не може да толерира вакви работи.