393
Адвокатите на Никола Груевски и Гордана Јанкулоска на судењето за Тенк на СЈО на денешното рочиште ги оспорија двете вештачења направени на мерцедесот од 600.000 евра, а направени по барање на СЈО.
Според нив лиценцата на еден од вештаците му била истечена, а другото вештачење го правел вештакот Тале Герамициоски кој бил поранешен пратеник и министер од СДСМ.
Исто така реагираа и дека вештачењата ги правела компанија од Италија, која во Македонија не била регистрирана за ваква дејност.
Од СЈО одговорија дека на вештакот лиценцата му била продолжена за што приложија доказ, а за партиската определба на другиот вештак не сакаа да коментираат бидејќи тоа е негова лична определба.
В.В.