Адвокатската комора на Mакедонија денеска во Струга на 63-тото Годишно собрание ќе избере нов Управен одбор и нов претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски, познат во јавноста поради тоа што го застапуваше експремиерот Никола Груевски во предметите покренати од СЈО.
Како можни наследници на Додевски досега се споменуваа адвокатите адвокати Љубомир Михајловски-Џанго, поранешен министер за внатрешни работи, Звонко Давидовиќ, Наташа Трпеновска-Тренчевска, Димитар Панчевски.
Воедно, денеска ќе бидат одржани и „Денови на македонската адвокатура“, со што се одбележува 73 година од основањето на Адвокатската комора и 73 години адвокатура во Република Македонија, која, како што велат од Адвокатската комора, во континуитет претставува носител во идеите и борбата за заштита на човековите права и слободи.