Адвокати се нудат бесплатно да го бранат Ламбе!

by Фокус

На поп пејачот Ламбе Алабаковски (34) кој утринава е уапсен бидејќи ја запалил вратата на бугарскиот клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола пред три дена, познати адвокати од земјава веќе започнаа да му нудат бесплатна правна помош.

Адвокатите Јанаки Митровски и Драги Пешевски веќе и на социјалните мрежи објавија дека се пријавуваат да го бранат музичарот, а нивниот гест наиде на поддршка од јавноста.

-По веста за приведување на пејачот Ламбе Алабаковски, како одговорен за пожарот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, адвокатите Драган Пешевски и Јанаки Митровски јавно се пријавија за про боно одбрана на пејачот- објавија адвокатите само неколку часа по веста дека е откриен сторителот на делото кое ја брануваше јавноста изминатите три дена.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, деноноќно се работело да биде откриен сторителот, кој го признал делото.

Бугарскиот клуб беше отворен во Битола кон средината на април, а за време на отворањето голем број на граѓани и здруженија излегоа на протест.

В.К.

Поврзани новости