603
Супермоделот Адријана Лима го роди третото дете, прво во врската со филмскиот продуцент Андре Лемерс. Тој и 41-годишната Лима добија син, чие име е Сијан.
Лима има и две ќерки, 12-годишната Валентина и деветгодишната Сиена, од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Тие и официјално се разведоа во 2016, откако се разделија две години порано.
Лима во февруари откри дека е бремена во видео објавено на ТикТок. Таа со години беше еден од симболите на „Викторија‘с сикрет“, отворајќи го неговото шоу во 2003, 2007, 2008, 2010 и 2012.