Адријана Алачки се прости со својата свекрва: Ми беше поткрепа во животните метежи!

by Фокус

Фолк пејачката и домаќинка на популарната кулинарска емисија ,,Вкусот на традицијата”, Адријана Алачки, се прости со својата свекрва Натка. Натка е мајка на поранешниот сопруг на Адријана, маестро на хармоника Горан Алачки. И покрај тоа што со Горан не се во брак околу 12 години, сепак Адријана доста емотивно се прости со неговата мајка.

-Со голема тага и силна болка ја примив веста за смртта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет. Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше,, терај си ја работата, јас сум тука”.

Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе…ти благодарам за СЕ!!! Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко- објави Алачки.

Од бракот со Горан, таа има син и ќерка. Важи за доста посветена мајка и жена која сама успеа да се избори за се во животот. Со Горан беа во брак околу 25 години, а беа популарни и по настапите заедно со Ирена Спасовска. По разводот таа максимално се посвети на кариерата со кулинарството, и стана една најпрепознатливите во таа област. Нејзини блиски знаат да кажат дека Адријана е доста силна жена, која по разводот успеала сама, со многу труд и професионална посветеност на работата, цврсто да застане на свои нозе.

Вики Клинчарова

Поврзани новости