Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на Вреди за локалните избори

by Fokus

Вреди вечерва го промовираше Централниот изборен штаб во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат во октомври, годинава, а Аднан Азизи е избран за шеф на штабот.

„Денеска сме тука да го промовираме поставувањето на Централниот штаб на ВЛЕН. Со овој орган уште еднаш потврдуваме дека ВЛЕН се унифицира како заеднички субјект за заедничкиот настап на локалните избори наесен. За шеф на штабот на ВЛЕН е веќе избран пратеникот Аднан Азизи“, изјави вечерва претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибраими.

Одговорајќи на новинарско прашање кога Вреди ќе биде формирана како партија, Ибраими рече дека за тоа досега дискутирале неколку пати.

Тоа е прашање што има и правни работи, има и политички, но тоа е веќе помалку важно, бидејќи е во сферата на администрацијата. Вреди веќе функционира како еден заеднички субјект, рече Ибраими.

Поврзани новости