495
Над 15 илјади матуранти денеска полагаа државна матура, но меѓу нив не беше Тијана Силјаноска од Охрид.
Поради тоа што ја немало во списокот на пријавени за полагање на матурата, за неа денеска беа затворени вратите во охридската гимназија, од каде и било кажано дека полагањето ќе може да го реализира во следниот термин во август.
Родителите беа вознемирени поради стресот што ова го предизвикало кај нивното дете, бидејќи ќе ги пропуштела роковите за упис во Словенија.
И од Бирото за развој на образованието констатираат дека ученичката била обесправена.
Со случајот е запознат и министерот кој вети дека целосно ќе го разгледа.