Административен работник бесправно префрлил над еден милион денари на роднини

by fokus

Четириесетишестгодишен Штипјанец заработи кривична пријава, откако од трансациската сметка со која располагал неговиот работодавач, бесправно префрлил над еден милион денари на шест лица кои се во роднинска врска со него.

„Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против К.К.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во периодот од 11.01.2016 до 17.10.2018 година пријавениот, како административен работник кај извршител, од трансакциската сметка на друг извршител, со која располаг неговиот работодавач, префрлил 1.425.956 денари на трансакциските сметки на шест лица, кои се во родниниски врски со истиот. После тоа, од банкомат со нивни платежни картички ги повелекувал паричните средства“, велат од МВР.

Поврзани новости