Аџигогов:Нема да има плати за јавното здравство ниту исплати на породилно отсуство, но ќе има рецепти и упати

by Fokus

Претседателот на Синдикалната организација на ФЗО, Бранко Аџигогов рече дека поради штрајкот на вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), граѓаните да не се грижат бидејќи ќе имаат рецепти и упати, но ќе нема плати во јавното здравство.

„Досега нема пријавено никакви инциденти ниту проблеми, граѓаните се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Поддршка добивме од сите синдикати во здравството. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи, како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Сакам да кажам дека лекарските комисии кои ги продолжуваат боледувањата си продолжуваат непречено да работат. Не ни е идејата врз болни лица да тераме правдина“, рече Аџигогов.

Тој додаде дека нема да има исплата на породилните отсуства.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски кажа дека сите вработени во подрачните единици во ФЗО не ги извршуваат работните задачи, освен најитните.

Поврзани новости