488
Томе Аџиев, претседателот на Комисијата за лустрација, во моментот ги напушти просториите на СЈО, каде што беше повикан на распит за случајот “Моќник”, каде што е еден од осомничените.
Аџиев во СЈО се задржа повеќе од еден час, но не сакаше да открие за што точно разговарал со обвинителите, а од новинарите побара и да не го фотографираат и да го снимаат. Тој е осомничен за нарачена лустрација на судија од Кичево, кој откако беше лустриран беше и разрешен.
Лустрацијата според СЈО ја нарачал пратеникот Антонио Милошоски, кој исто така е еден од 13-те осомничени, заедно со неговиот татко.