Четири лица добија куќен притвор за земјиштето во Тетово, членот на Судскиот совет се уште е во бегство

by Фокус

Судија на претходна постапка од скопскиот кривичен суд им определи куќен притвор на 4 лица, а на едно лице му беше изречена мерка претпазливост за злоупотреба на службена положба и овластување. Тоа е поврзано со случајот со незаконската приватизација на земјиште со површина од 4.410 квадратни метри во Тетово, за што осомничен е и членот на судскиот совет Зоран Теофиловски.

-Во Основниот кривичен суд Скопје, пред судија на претходна постапка, денеска беа спроведени пет лица опфатени во предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против шест лица и мерки за претпазливост против две други лица. По произнесување на спроведените лица во однос на предлогот, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија на претходна постапка донел решение со кое на четири лица им определил мерка куќен притвор, додека на едно лице му определил мерки на претпазливост односно – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска за јавување на службено лице во судот“, информираат од скопскиот основен суд.

Од таму посочуваат дека едно лице опфатено со предлогот за определување мерка притвор се уште не е обезбедено од органите на прогон, што сугерира дека се работи токму за Теофиловски, кој цел ден е недостапен за органите на прогонот.

Поврзани новости