500
Пред неколку денови, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои ученици од македонски училишта дивеат во училниците и се однесуваат недолично.
Министерот за образование, Арбр Адеми е згрозен од целата ситуација и односот на учениците.
„Јас ги видов видеата на социјалните мрежи и згрозен сум од материјалите. Тие ученици треба да се соочат со педаошки мерки. Ние имаме координиран пристап и со други институции. МОН не може да им наложува на училиштата како да си ја завршат својата работа но тие училишта се евидентирани“, истакна Адеми.