Поранешниот министер и пратеник во Собранието, Арбер Адеми смета дека оставката на премиерот Зоран Заев е избрзана одлука.
-Некои теми и работи се помешаа, а зборувавме за локално ниво на изборите. Во ова се рефлектираше расположението на граѓаите за локалните прашања. На овие избори не се дискутираше за националните политики, како што е Законот за албанскиот јазик, преговарачката рамка, одржувањето на првата Меѓувладина конференција, Договорот со Бугарија. За овие прашања, не стана збор. Некои теми се помешаа во овие избори. Сметам дека сите реакции од политичките партии се првични. Ќе ги анализираме резултатите, па ќе се преземат одредени чекори. Не треба да избрзуваме со првични и емотивни реакции, вели Адеми во дебатната емисија на ТВ Сител, посветена на изборите.