527
Во следните денови ќе биде познато дали матурантите годинава ќе полагаат државна матура, рече министерот за образовани Арбер Адеми, на денешната прес конференција.
-Преостанува во следните неколку денови да донесеме конечна одлука околу полагањето на државната матура. Постојат две опции. Полагање на државната матура во јуни или укинување на матурата за овогодинешната генерација ученици од завршните години во средните училишта. Во наредните седници на владата ќе се разгледа конкретен образовен план со сет мерки кои што ќе треба да се превземат во овој период, рече министерот Адеми.