764
Арбер Адеми од ДУИ на договорот за предизборна коалиција помеѓу Движењето Беса и СДСМ, потпишан денеска, гледа како на чин што ги дефакторизира гласовите на Албанците, пренесува ТВ Алсат. Во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“, Адеми рече дека ова е потег заради опстанок на политичката сцена.
-Денеска наместо да го честитаме најголемото спојување на помалите албански партии, ние за жал ја констатираме повторно дефакторизацијата на албанските гласови од истите партии. Изразувам жалење за потфрлувањето за обединување на помалите албански партии. Овој чекор може да се смета како чекор кој се коси со интересите на Албанците и претставува разочарувачки обид за преживување на политичката сцена