Адеми вети поголема поддршка од Владата за македонските здруженија во Албанија

by fokus

Министерот задолжен за дијаспората во Владата на РС Македонија, Едмонд Адеми во Тирана денеска имаше средба со претставниците на македонските здруженија во Албанија . На средбата што се одржа во просториите на нашата амбасада во Тирана , Адеми нагласи дека Владата на РС Македонија и тој лично ќе даваат силна поддршка на македонските здруженија во Албанија со цел надминување на проблемите и прашањата со кои се соочуваат .

Исто така Адеми најави и реализација на заеднички активности и проекти . Од страна на преставниците на македонските здруженија во Албанија , беа посочени главните проблеми со кои тие се соочуваат, а беше побарана и поголема подршка од македонската влада за реализација на активностиоте на граѓанските здруженија.

Претставниците на здруженијата на Македонците посебно ги истакнаа проблемите во сферата на образованието, информирањето и учеството во локалната и централната власт во Албанија, како и нивната положба со Законот за малцинства во Албанија.

Поврзани новости