Адеми: Скандал е што сестра ми се споменува во медиумите само затоа што е вработена во ЕЛЕМ

by fokus

Распределбата на финансиите во рамки на годиншната програма при министерството за култура е направена согласно закон. Комисиите си ја вршеа својата работа најпрофесионално – доколку има пропусти подготвен сум да сносам политичка одговорност и да дадам оставка. Доколку се испостави грешка во работењето на комисиите при министерството тој кој што ја направил грешката ќе одговара исто како и јас, вели министерот Асаф Адеми во интервју за ТВ 24.

Адеми потенцира дека скандал е тоа што неговата сестра се споменува во медиумите само затоа што е вработена во ЕЛЕМ, а додека за распределбата на парите Адеми вели дека се прави медиумска хајка.

Поврзани новости