611
Оваа година, поради пандемијата, уписот на првачиња, наместо од мај ќе почне во јуни, рече министерот за образование Арбер Адеми на денешната прес конференција.
-За уписите кои се одвиваат од мај до септември, но оваа година поради пандемијата одлучивме уписот на првачињата да биде во јуни. Во сетот мерките кои ги предложивме до Владата за разгледување стои да се пролонгира рокот за упис на првачиња од мај до јуни, имајќи предвид дека им требаат потврди за примени вакцини, кои се издаваат од здравствениот систем, појасни министерот за образование Адеми.