На денешната дебата за новите законски измени во високото образование, што ја организираше владата, во просториите на Собранието, главната улога ја презема премиерот Никола Груевски. Тој неколку пати му се спротистави на ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, кој се потруди да му објасни на претседателот на владата дека, тие имаат забелешки распослани на 130 страници и дека е потребен подолг период да се разговара наоваа тема.
Во меѓувреме, министерот за образование Абдулаќим Адеми нагласи дека, ако приватните универзитети не ги поправат недостатоците од идната учебна година ќе бидат затворени. Според него, тие се отворени, за да се зголеми конкурентноста и треба да понудат ист квалитет како и државните универзитети, но доколку не го решат недостатокот на кадар, необјавени трудови, и останатите недостатоци, тие од следната учебна година ќе бидат затворени.