483
Според пратеникот Арбр Адеми, националистичката реторика во Македонија не е некој новитет.
Тој додава дека тоа отсекогаш постоело и служело како средство за освојување гласови, пренесува ТВ21.
„Не е ништо тајна да кажеме дека постои еден вид конспиративна коалиција меѓу ВМРО, Левица и неколку умилкувачи Албанци кои ја хранат оваа коалиција со лажни вести, измислици и обвинувања, не штедејќи ниедна животна вредност на политичкиот дискурс. Симптоматично е што овие групи секогаш се појавуваат во одлучни моменти за земјава и општеството. Тие се обидуваат да ги загрозат процесите кои произлегуваат од Рамковниот договор за да го урнат начелото победни со победник“, вели Адеми.