Адеми: Од понеделник онлајн настава на факултетите

by Fokus

Министерот за образование, Арбр Адеми на денешната прес-конференција истакна дека од понеделник ќе започне онлајн настава на факултетите, поради состојбата со корона вирусот во Македонија.

„Ние се согласивме сите единици да вложат максимални напори за оналјн настава. Во интерес на нашите студенти и од следната седмица да започне да се реализира онлајн настава. Дел од факултетите тоа го применуваат, а олеснителна околност е тоа што станува збор за студенти кои ги совладале дигиталните вештини. На најголем дел од високообразовните институции онлајн наставата ќе започне од понеделник. Тоа ќе биде голема придобивка за студентите додека трае оваа кризна состојба“, истакна Адеми.

Поврзани новости