Поранешниот министер за образование, Арбер Адеми, на Алсат рече дека во времето кога тој беше министер иницирал промени во Законот за учебници за основно и средно образование, по што, според него, се подобрени 51 учебник.
-Претходната законска рамка не дозволуваше можност за корекција на учебниците. Во 2018 година, во тоа време како заменик. министер, а потоа како министер го сменивме законот каде што рековме ако во текст одобрен за употреба, постојат пречки или недостатоци во однос на научните, методолошките, техничките, како и во однос на преводот и адаптацијата и кои не надминуваат повеќе од 30 проценти од вкупната содржина на учебникот, педагошката служба од авторот, соодветно на авторите или издавачите бара предлог за промена на содржината, но истиот закон предвидува авторот, по сопствена иницијатива, или издавачот да побара подобрување на учебниците – рече Адеми.
Како резултат на промената на законската рамка, истакна тој, 51 учебник за прв пат е коригиран.