Адеми: Ќе биде штета за младите ако ја прекинеме учебната година!

by Fokus

Ситуацијата со корона вирусот во Македонија предизвика сериозни проблеми во образовниот систем во државава.

Надлежните институции стравуваат од прекин на учебната година, па се трудат да изнајдат решение за да нема таков епилог.

„Тоа што основните и средните училишта и високообразовните институции не работат за време на корона вирусот во земјава, не значи целосно да се прекине и годината да ја прогласиме за завршена. Тоа ќе биде голема штета за младите. Се трудиме на секаков можен начин да најдеме решение, имаме едукативна програма за децата до предшколска возраст и обезбедуваме платформа за учење и за другите возрасти“, истакна Адеми.

Поврзани новости