Денес за децата од сите возрасти се бара внимание од родителите, државата и воопшто од општеството, порача министерот за образование и наука, Арбр Адеми, по повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни.
Тој на својот фејсбук-профил истакна дека овој ден не треба да се одбележи само како празничен, туку, како што вели, „да ни служи како ден на сензибилизирање да кажеме НЕ за секакво насилство и злоупотреба кон децата“.
Urime 1 Qershorin – Ditën ndërkombëtare të fëmijëve!Sot për fëmijët e të gjitha moshave kërkohet dhe padyshim…
Publiée par Arbër Ademi sur Lundi 1 juin 2020
-Секако, нашата поддршка за децата нема да изостане никогаш и инвестирањето во нив ќе биде наш главен приоритет, бидејќи инвестирањето во децата е инвестиција во иднината на земјата, напиша Адеми на Фејсбук.