632
Министерот за образование и наука, Арбр Адеми на денешната прес конференција истакна дека платата на просветните работници од основно, средно и високо образование ќе биде покачена на почетокот на 2020 година.
„Оваа средба создаде историски момент. Одлучивме да ги покачиме платите за 10 отсто од 1 јануари, 2020 година. Ова важи за сите вработени во основно, средно и високо образование. Со оваа одлука се враќа дигнитетот на наставничката професија. Јас сум горд. Интензивно се преговараше, се консултиравме и во следниот период ќе продолжиме со подобрување на статусот на сите вработени во образованието“, истакна Адеми по денешната средба со претставниците од СОНК.