Дојде време да го отвориме патот и претседателот на државата да биде Албанец, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми.
„Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на Претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадинтер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус за да се овозможи со над 80 гласови во Собранието и со етнички консензус да се спречи етничко надгласање и наметнување само од двете поголеми македонски политички партии“ изјави Адеми.
Тој повика на масивна поддршка на Албанците и другите граѓани за нивниот кандидат Бујар Османи, за да се овозможи промена на Уставот, истовремено и за Претседателот и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство.