583
Арбер Адеми под итно да си поднесе оставка. Тој ништо добро не направи за пратеничката група на ДУИ, а е координатор, изјави Дафина Стојаноска, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печа по вчерашниот инцидент во Собранието.
Во однос на францускиот предлог, Стојаноска вели дека опозицијата не е вклучена во надворешните прашања, прашувајќи кој е Димитар Ковачевски и Бујар Османи да преговараат во име на граѓаните, кога пред една година во Собранието донеле Резолуција во македонското собрание со консензус каде што јаснo ги исцртале македонските црвени линии.