Адел призна: Веќе не пијам алкохол, но многу ми недостига!

by Fokus

Англиската пејачка Адел (35) им кажала на обожавателите дека престанала да пие алкохол откако признала дека била на работ на алкохолизам во нејзините 20-ти, пишуваат британските медиуми. Таа на својот настап во Лас Вегас и признала на публиката дека престанала да пие алкохол пред околу три и пол месеци, велејќи дека тоа воопшто не е забавно, објави британскиот портал „Метро“.

Сепак, таа изјави дека алкохолот многу и недостасува.

– Мислам, јас бев буквално на работ на алкохолизам во поголемиот дел од моите дваесетти, но навистина ми недостига. Уживајте во вашето виски. Многу сум љубоморна – му рекла на еден обожавател за време на настапот.

Додала дека се откажала од кофеинот, заедно со алкохолот.

Адел во март откри дека еднаш испила четири шишиња вино пред ручек, за време на пандемијата.

Пејачката во последните две години е во врска со Рич Пол (41), спортски агент, со кого е свршена.

 

Поврзани новости