Адел има проблеми со ишијас: Ме креваа од под на пауза на концерт во Лас Вегас!

by Fokus

Познатата пејачка Адел откри дека неодамна колабирала зад сцената за време на паузата на концерт во Лас Вегас. Причината е здравствен проблем кој ја мачи подолго време и кој не е редок случај.

„Ме креваа од подот“, се пожалила музичката ѕвезда.

Адел не можела ниту да се помрдне од подот поради проблемот со ишијасот. Овој здравствен проблем се одрази и во нејзината изведба „Викенд со Адел“ кога од сцената рече: „Ќе седнам да си го одморам ишијасот“.

Ишијасот претставува збир на проблеми кои предизвикуваат болки во долниот дел на грбот, голем број луѓе се борат со овој здравствен проблем и оваа бројка расте поради недостатокот на физичка активност како карактеристика на модерниот начин на живот.

Ишијасот е предизвикан од воспаление на ијатичниот нерв, голем нерв (најдолгиот во телото) кој се протега од долниот дел на грбот до задниот дел на двете нозе. Кога ќе се појави ова воспаление, има болка која оди од лумбалниот дел на грбот, па може да се прошири на колковите, задникот и нозете.

Дијабетес, долго седење, дебелината, возраста може да бидат фактори на ризик. Симптомите се: намалено чувство за допир, мускулна слабост, пецкање, ограничена подвижност на ‘рбетот, отежнато одење, неможност да се застане на прсти и потпетици…

Акутната фаза поради тешките болоси бара итен третман, често се даваат инјекции со витамини Б1, Б6 и Б12. Се препорачува да спиете на рамна површина, да избегнувате кревање товар и да не правите нагли движења. Може да помогнат и одредени вежби.

Претходно оваа година, Адел се отвори за хроничната болка во грбот што ја доживеа за време на друго шоу во Лас Вегас додека се бореше да се движи низ сцената.

– Морам да мавам овие денови бидејќи имам многу сериозно ишијас – рече тогаш таа.

Пејачката истакна дека половина живот ја трпела оваа болка, а потоа ослабела што и помогнало, но не го решило проблемот. Во интервју за магазинот The Face во 2021 година, таа истакна дека нејзината победа над вишокот килограми и го променила животот.

Таа откри дека првите проблеми со грбот ги имала како 15-годишно девојче, а по раѓањето на синот Анџело (9) болките се засилиле:

„Лежев, пукнав и ми испадна петтиот пршлен. Во Јануари го изгубив шестиот пршлен, а потоа и самата направив царски рез… Болката се разгорува, најчесто поради стрес или поради глупаво позирање“, рекла Адел.

 

Поврзани новости