Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) ја започнува постапката за префрлање во новиот објект кој беше целосно реновиран и прилагоден за потребите.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на ОЈОГОКК, Ислам Абази вчера извршија обиколка на зградата во која во иднина ќе биде сместено ова обвинителство.
Делот од поранешната зграда на Државниот архив му беше доделен на трајно користење на ОЈОГОКК.
Реконструкцијата и адаптацијата на објектот започна во 2016 година, но кон крајот на 2022 година конечно беа спроведени сите активности за обезбедување на потребна документација за спроведување на јавна набавка за градежни активности неопходни за непречено преселување на обвинителството во новите простории.
Дел од опремата и мебелот се преземени и од поранешното Специјално јавно обвинителство. Во новите простории на Обвинителтвото ќе биде сместена и современа форензичка лабораторија опремена со поддршка на Амбасадата на САД.
Во објектот покрај работните простории за јавните обвинители и стручната служба, има посебен дел каде што ќе биде сместен Истражниот центар, сала за сослушување на деца-жртви и заштитени сведоци, како и конференциска сала.