Првиот дигитален асистент во јавниот сектор базиран на вештачка интелигенција, АДА, во првите 48 часа од лансирањето услужил 1.321 граѓанин, соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи на неговиот фејсбук профил.
„Транспарентност, ефективност и ефикасност е целта која ја сакавме и која се постигнува со АДА веќе во првите 48 часа од нејзиното лансирање“, вели Битиќи.
Тој објави пресек на активностите на АДА во овие два дена: има дадено јавни услуги кон 1.321 граѓанин и со нив има разменето повеќе од 24.877 пораки, разговори кои граѓаните ги имаат донесено до бараните информации и документи. АДА во последните 48 часа била активна 166.000 секунди или 46 часа“, посочува Битиќи.
АДА е дигитална алатка, дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, кој дава информации и услуги за граѓаните и бизнис секторот.
Во оваа прва фаза, АДА на сите заинтересирани граѓани и компании ќе им ги нуди сите информации за поддршка на инвестиции по Планот за економски раст, сите повици од програмата на ФИТР, како и условите за инвестирање во нашата земја преку ТИРЗ. Во иднина АДА ќе дава и други услуги од јавниот сектор.