АД „Пелагонија“ ќе треба да и врати 94 милиони денари на Општина Центар, одлучи Врховен суд

by fokus

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска на прес конференција на јавноста соопшти дека општината ќе си врати назад над 94 милиони денари од фирмата „Пелагонија“ од Гостивар.

Поради суштествени повреди на постапката и погрешна примена на материјалното право, по поднесената жалба од Општина Центар на пресудата на Апелациониот Суд од 11.5.2018-та година, Врховниот Суд одлучи постапката помеѓу општината и претпријатието “Пелагонија“, која беше отворена поради стопирање на изградбата на катната гаража кај НИП Нова Македонија, да биде вратена на почеток.

“Со оваа одлука, конечно општината доби правна разрешница на овој предмет, кој минатата година доведе до блокирање на сметката на општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД ‘Пелагонија’ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат прераспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Поради нејасни, побивани пресуди и недоволно образложени причини за решителни факти, а согласно членот 343 став 2 точка 14 од Законот за парнична постапка, Врховниот Суд на РМ утврди дека АД “Пелагонија“ во предметот поврзан со изградба на катна гаража кај зградата на Нова Македонија, на Општина Центар треба да ѝ ја исплати целосната сума за која беше оштетена општината, во висина од 94.482.306, 00 денари.

Поврзани новости