Ад хок телото не покрена ниту една постапка, сите медиуми биле објективни

by fokus

Привремената Комисија за мониторинг на известувањето на медиумите во предизбориeто, на последната седница  одлучи да не покрене прекршочна постапка против ниту еден медиум.

Предмет на разгледување биле извештаите за последните десет дена од изборната кампања, а според одлуката на Ад-хок телото, сите медиуми биле балансирани и објективни во известувањето.

За поведување прекршочни постапки имало два предлога, но како и во повеќето случаи тие биле одбиени откако Комисијата едногласно гласаше против.

Со оваа седница заврши оценувањето на работата на телевизиите и радијата во врска со изборите.

Поврзани новости