АД ЕСМ денеска соопшти дека навреме ја исполниле обврската за снабдување со поевтина електрична енергија на прехранбената индустрија за основните намирници, на училиштата и водостопанствата, од 1 декември. Ги повикува субјектите кои не поднеле пријава за снабдување, тоа да го направат во следниот период, со цел да бидат вклучени во групата за снабдување од почетокот на следната година.
-Во услови на енергетска криза во европски рамки, но и пошироко, АД ЕСМ исполни уште една обврска произлезена од кризата, а тоа е снабдување со поевтина електрична енергија на прехранбената индустрија за основните намирници, на училиштата и водостопанствата. Ова задолжение дадено со заклучок од Владата е исполнето навремено и во најкусо време, со цел наведените институции да можат да бидат снабдувани со поевтина енергија веќе од 1 декември. АД ЕСМ ги повикува субјектите кои не поднеле пријава за снабдување, истото да го направат во следниот период, со цел да бидат вклучени во групата за снабдување од 1 јануари, стои во соопштението од компанијата.