ЕСМ ја демантира изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

АД ЕСМ ги оценува како тенденциозни и злонамерни инсинуациите на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ искажани во денешната изјава на партискиот портпарол.

Од ЕСМ наведуваат дека постапката за набавка на јаглен од Косово е во тек и во ниту еден момент досега, ниту еден официјален претставник во преговорите не споменал во јавноста детали од преговорите, особено не во однос на цената на јагленот.

„Податокот на кој се повикува посоченото лице во својата изјава е податок од неименуван извор споменат во дел од медиумите. Но, и тој податок е искористен парцијално, само за потребите на денешната изјава, а со цел нанесување на штета на имиџот на компанијата“, велат од ЕСМ.

Од таму додаваат дека споредувањето на постапката за обезбедување на јаглен со цел зголемување на домашното производство и најавите за евентуални намалувања на трошоците на компанијата согласно можностите што ги дава Законот за работни односи, се неетички и неморални.

„Станува збор за два неповрзани процеси кои имаат една заедничка цел – справување со енергетската криза што ја погоди земјава и европскиот континент“, додаваат од АД ЕСМ.

Поврзани новости