403
Над Македонија се надвиснати едновековните балкански сеништа кои сакаат разнебитување на државата, рече историчарката Виолета Ачковска, која прва се обрати на вечерашниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ, во име на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
– Ова е веќе видено во 2001 година, на ист начин и со повеќе исти актери. Откако успешно се справивме со терористите во Куманово, се активира план Б – украинска драма чиј крај не се гледа. Се појавуваат шаторите, а во меѓувреме ќе се појави некој македонски Кличко – рече Ачковска.
Таа ја повика власта да ја заштити мнозинската волја на македонските граѓани, бидејќи демократијата е почитување на правото и институциите.