Чавков денес треба да сведочи за апсењето на Бошкоски

by fokus

Екс министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска треба да сведочи на рочиштето за случајот „Тортура“, односно за апсењето на Љубе Бошкоски.

Чавков за сведок е предложен од СЈО, а во суд ќе треба да биде спроведен од затворот „Скопје“ каде што се наоѓа во притвор по пресудата за „27 април“.

Во случајот „Тортура“  за нечовечко апсење на Бошкоски обвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и уште неколку полициски припадници.

В.В.

Поврзани новости