Абрашоски: Директорот кој заминал во Хрватска е разрешен

by fokus

Директорот на Комуналец – Прилеп, Рубинчо Абрашоски реагираше на прес конференцијата на СДСМ во Прилеп. Според него политичката партија денеска изнела низа невистини и обвинувања во врска со работењето на компанијата.

– Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ , Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот oдбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на „Комуналец“ , сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претсдателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: Разрешување на управителот на Терминал- Комуналец ДООЕЛ Прилеп, вели Абрашоски.

Тој додава дека како директор на „Комуналец“, нема ингеренции да се меша во финасиско – техничката работа на доелот, но има обврска како прв човек да го заштити имотот на претпријатието.

Абрашоски истакна и дека на седницата на која била поставена точката на дневен ред за разрешување на управителот Мартин Ачковски, членот на Управниот одбор близок до СДСМ, гласал воздржано, а сега како што додава партијата го обвинува него и градоначалникот Јовчески за неодговорност.

Поврзани новости