Абрамович го продаде Челзи

by Fokus

Фудбалскиот клуб Челзи денеска потврди дека се договорени условите за продажба на клубот на конзорциум предводен од сопственикот на безбол тимот од Лос Анџелес, Тод Боuли за 4,25 милијарди фунти (5,2 милијарди долари). со што заврши 19-годишната сопственост на Роман Абрамович.

– Челзи може да потврди дека се договорени условите за новата сопственичка група, предводена од Тод Боuли, „Клирлејк Капитал“, Марк Валтер и Хансјерг Вис, да го преземе клубот, се вели во соопштението на Челзи.

Рускиот олигарх Роман Абрамович реши да го продаде Челзи во март, а потоа се најде под санкции од британската влада, по почетокот на војната во Украина.

Поврзани новости