345
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел анализира дека војната меѓу Русија и Украина „можеби нема да заврши, туку ќе замрзне како војната во Кореја“ од пред 70 години.
„„Украина и Русија ќе мора да се повлечат од нивните сегашни позиции за да постигнат сценарио како она во Кореја. Таму двете постигнаа примирје и прекин на огнот со воспоставување линија на раздвојување“, рече Борел.